Пожар кај село Љубин, ќе го гаснат и хеликоптер на МВР и три авиони на ДЗС

од Radmila Tasevska

Избувна пожар во Општина Сарај кај селото Љубин и навлезе во боровата шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се вклучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС полетаа за дејство, појаснуваат од ЦУК.

Слични содржини