Пожар на аеродром на Сицилија, летовите прекинати до 19 јули

од Stefanija Kuzmanovska

Пожар избувнал на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија, а летовите се прекинати до 19 јули во 14 часот, соопшти компанијата која управува со тој аеродром SAC.

Пожарот кој синоќа во 23 часот и 29 минути бил пријавен кај пожарникарите е изгаснат, а патниците се евакуирани од аеродромот кој бил полн со чад.

Дошло до стампедо, но засега нема посериозни повредени, пренесува италијанска „Анса“.

Пожарот избувнал на долниот кат на аеродромот, додава РИА. Причината за пожарот се уште не е утврдена.

Слични содржини