Пожар околу Ролан Гарос: Натпреварите се прекинати

од Nikola Popovski

Пожар избувнал во близина на комплексот Ролан Гарос во Париз, што во еден момент предизвика кратка пауза на некои натпреварите.

За време на натпреварот помеѓу Паола Бадоса и Ана Богдан, на телевизискиот пренос се слушнале противпожарни сирени и сите на теренот биле свесни дека нешто лошо се случува во близина на комплексот на францускиот грен слем.

Потоа, режисерот на ТВ-преносот од натпреварот на споменатите тенисерки на крајот од првиот сет им покажал на гледачите што се случува, па камерата од стадионот „Симон Матје“ го фатила пожарот во едниот дел од Париз.

Не било јасно за што точно станува збор, или што се запалило, туку само можело само да се види како чад се крева околу теренот на Ролан Гарос.

Иако целата ситуација ги вознемири тенисерите, натпреварот немал долга пауза, па играта продолжила.

Слични содржини