Пожар во дом за стари лица во Милано, загинаа шест лица

од Stefanija Kuzmanovska

Шест лица го загубија животот, а најмалку 68 се повредени во пожар кој во текот на ноќта избувна во дом за стари лица во Милано, соопштија во петокот италијанските служби за итни случаи.

Лука Кари, портпарол на националната противпожарна служба, го потврди билансот на загинати, додавајќи дека тројца од повредените се во критична состојба, 15 со сериозни, но не опасни по живот повреди, додека 50 лица се здобиле со полесни повреди.

Тој рече и дека пожарот е изгаснат и дека е отворена истрага за причините за пожарот.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека пожарот бил изгаснат многу брзо, но потоа се одлободил отровен чад.

Според медиумите, пожарот избувнал во четвртокот нешто пред полноќ во дом за стари лица во југоисточниот милански кварт Корвето.

Слични содржини