Пожар во Неготино: Изгоре комбе

од Nikola Popovski

Од противпожарната служба во Неготино соопштија дека во градот попладнево комбе изгорело во пожар.

-На лице место кај населбата Саат кула интервениравме со две возила и четири пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на тракторот на сопственикот на комбето и на неговиот полски објект, на околината, рекоа од противпожарната единица за МИА.

Тие побараа од населението да биде повнимателно, особено сега при високи температури. Притоа потсетија дека деновиве исто така изгоре жито од ниви во неготинскиот атар.

Слични содржини