Пожар во рафинерија во Сибир, две лица загинати

од Aleksandar Todeski

Две лица загинаа, а едно е повредено во пожар што избувна во лифт во наоѓалиште на нафта и гас на руската компанија „Новатек“ во западен Сибир, соопшти денеска руското Министерство за вонредни состојби.

Во соопштението се вели дека пожарот избувнал во лифт за ремонт на бунар во постројката во регионот Jaмало-Ненец.

Пожарот е изгаснат а оштетени се три единици опрема.

Бунарот каде што избувнал пожарот е во изградба.

Слични содржини