Пожарот кај Криволак не се гаси од земја поради заостаната муниција

од Nikola Popovski

Непристапноста на теренот и можната опасност да експлодира неексплодирана муниција, што е можно да е заостаната од претходни вежби, е причина зошто не може да се пристапи кон гасење на пожарот од земја, информира м-р Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Тој додава дека хеликоптерите имаат работна летечка температура што не дозволува да летаат на високи надворешни температури над 38 степени, а не летаат ноќе заради безбедносни причини.

-Пожарот се уште не е изгасен, но нема закана по населените места, вели Бојаровски за МИА.

Претходно Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информира дека попладнево кај Карпалак е интервенирало со со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени 5 тони вода.

Во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и истиот поради слабиот интензитет на ветерот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“.

Доколку има потреба, хеликоптерот ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Слични содржини