Пожарот кај Криволак ставен под контрола, фрлени 5 тони вода

од Nikola Popovski

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информира дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени 5 тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“.

Во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и истиот поради слабиот интензитет на ветерот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“.

„Според известувањето од ОЦ на ГШ, од 16:30 часот дејствува хеликоптер на Криволак во месност Орлов Баир”, појаснија од ЦУК.

Според ЦУК било стапено во контакт со Воениот Полигон Криволак и се утврдило дека се појавил пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. За точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојатно доцна синоќа.

Доколку има потреба, хеликоптерот ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Слични содржини