Познат грчки инфлуенсер загина додека снимал видео за социјалните мрежи

од Симе Стоиков

Грчкиот фитнес инфлуенсер Гиорги Цане Џанелиѕе (23) почина во Италија додека снимаше содржини за социјалните мрежи. Според грчкиот портал Етанос, Џанелиѕе се лизнал додека стоел на балконот без ограда и паднал во провалија.

Несреќата се случи во средата, на 13 март, во древното планинско село Рогуди Векио, кое беше напуштено во седумдесеттите години на минатиот век поради големите поплави.

Веста за смртта на Гиорги ја потврди неговиот пријател Крис Когиас, кој бил со него во моментот на трагедијата:

“Цане повеќе не е со нас. Тој не напушти за време на нашето патување во Италија. Молете се за неговата душа”, кажа пријателот.

Иако пожарникарите и другите служби за итна помош брзо пристигнале на терен, не успеале да го спасат. Неговото тело со хеликоптер е пренесено во градот Салина Јонис, каде што им е предадено на властите.

Џанелиѕе е роден во Грузија, но живеел во Грција и имал повеќе од 100 илјади следбеници на Инстаграм, каде најчесто споделувал забавна содржина и фитнес совети. Следбениците и пријателите се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Слични содржини