Позната пресудата за родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиште во САД

од Симе Стоиков

Родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиште во американската сојузна држава Мичиген се осудени на по најмалку 10 години затвор затоа што не преземале чекори кои би можеле да го спречат убиството на четворица ученици во 2021 година. Џенифер и Џејмс Крамбли се првите родители осудени за масовно пукање во училиште во САД.

Тие претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност во одделни судења во февруари и март, за време на кои обвинителите понудија докази за неосигуран пиштол во домот и негрижа за менталното здравје на нивниот син тинејџер.Беа осудени на затвор од десет до 15 години за убиство од небрежност.

„Овие пресуди потврдуваат повторени дејствија или недостаток на дејствија, кои можеле да ја запрат претстојната катастрофа“, рече судијата во Понтиак, Мичиген, осудувајќи ги на истата казна од 10 до 15 години затвор, минус веќе две и пол години кои ги одлежале во притвор.

Нивниот син Итан Крамбли цртал темни слики од пиштол, куршум и ранет човек на задача по математика со очајни фрази за тоа дека не знае зошто е жив. Вработените во училиштето тој ден ги повикале родителите за да им ги покажат вознемирувачките цртежи и биле изненадени што родителите не го зеле со себе по тој разговор, туку го оставиле на училиште.

Подоцна истиот ден, на 30 ноември 2021 година, тогашниот 15-годишник извадил пиштол од ранецот, кој никој не мислел да го провери и почнал да пука во училиштето. Убил четворица пријатели и ранил седум лица. Итан, кој сега има 17 години, служи доживотна затворска казна за убиство и други злосторства.

Двајцата родители веќе поминаа речиси две и пол години во затвор откако беа уапсени по убиството на нивниот син, не можејќи да платат кауција од по 500.000 долари за да бидат ослободени во очекување на судењето.

Слични содржини