Позната причината поради која принцот Хари поминал само половина час со кралот

од Stefanija Kuzmanovska

Откако на кралот Чарлс му беше дијагностициран рак, принцот Хари веднаш допатува во Велика Британија.

Целиот свет беше изненаден од дијагнозата на кралот Чарлс, а многумина мислеа дека тоа може да биде почеток на нови и подобри односи во кралското семејство, особено кога станува збор за принцот Хари.

Хари веднаш замина за Лондон, но помина само половина час со својот татко и престојуваше во хотел. Многумина беа изненадени од ваквиот пресврт на настаните, а Роберт Џобсон, кралски експерт, во интервју за „Сан“ открил зошто посетата изгледала така.

Имено, секоја проширена средба би завршила само со навлегување во стресни теми кои би го отежнале закрепнувањето на кралот, објасни тој.

„Никој не сака да му се зголеми крвниот притисок. Кралот не е добро, без разлика на видот на ракот, тој се лекува“, навел Џобсон.

Според неговите зборови, најдоброто нешто за кралот Чарлс е времето да го помине во мир, па не е исклучено да го смени местото на живеење.

Слични содржини