Правдата ја земал во свои раце: Не примил плата со месеци, па му се одмаздил на работодавецот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Хакан М, работник од Турција кој со месеци не добивал плата за својата работа, одлучил да му се одмазди на работодавецот на необичен и брутален начин.

Хакан инаку бил вработен во ископување на јаглен, исплатата на платите се одложувала, а откако повторно не добил плата за својата работа, седнал позади багер и уништил пет кабини на камиони, во сопственост на неговиот работодавец.

Сопственикот на компанијата всушност е вујко на Хакан, а изнервираниот работник сакал да направи уште поголема штета, но луѓето го спречиле во тоа.

Видеото во кое Хакан ја зема правдата во свои раце, беше објавено и на социјалната мрежа Тикток, каде за кратко време стана вирално. Многу корисници на социјалната мрежа се идентификуваа со Хакан и му дадоа целосна поддршка.

Слични содржини