Пред 22 години пееше за цртаниот филм, а сега Агилера сними песна за филмот „Мулан“

од Elena Daskalova

Пред 22 години, Кристина Агилера ја испеа песната „Reflection“ наменета за цртаниот филм на Дизни, „Мулан“.

Инстаграм

Тимот на Дизни повторно ја избра неа за да ја испее носечката песна за филмот „Mulan“. Во 1998 година, „Reflection“ беше и првиот сингл на тогаш младата пејачка и ново име на музичката сцена, кој ја вивна за кратко време меѓу најистакнатите поп-ѕвезди.

Новата песна се вика „Loyal Brave True“ и не само на англиски, туку Агилера ја сними и на шпански јазик. Целата музика ќе биде објавена на 25 март. Спотовите ги режираше Ники Каро, која е и режисерка на самиот филм.

Премиерата во Кина е одложена на неопределено време, со оглед на тоа што таму е главното жариште на коронавирусот. Тоа ќе биде голема загуба за Дизни, бидејќи се работи за приказна која потекнува од кинеската историја и митологија.

Слични содржини