Предан: Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки – ќе биде и официјален јазик на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на Европската Унија, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ. Секако, една земја членка секогаш има право со некои еднострани изјави да искаже некои свои резерви, но тоа сигурно нема да има никакво влијание на статусот на македонскиот јазик во ЕУ, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан.

Предан, одговарајќи на новинарски прашања пред информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Словенија за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти, нагласи дека сигурно 26-те земји членки кои го признаваат македонскиот јазик, како македонски јазик, не можат да го прифатат ветото поради тоа што една земја членка има резерви за јазикот.

„Треба да знаете дека во текот на преговорите ќе има многу ситуации кога ќе може да се создаваат некои пречки. Секако, не само од страна на една земја членка, може да бидат и од страна на друга земја членка. Тоа сме го доживеале сите што сме преговарале“, истакна Предан.

Слични содржини