Прегазена жена на „Рузвелтова“

од Nikola Popovski

Скопјанец прегазил жена на сред улица, информираа од МВР.

Според полицискиот билтен, вчера во скопската полиција било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,  товарно моторно возило „дачија докер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(55) од Скопје, удрило во М.Т.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни се здобила М.Т., каде веднаш била пренесена во приватна болници.

Од СВР Скопје веднаш извршиле увид на местото на настанот.

Слични содржини