Преку писмо на осум страници, Боки 13 информира дека пријавил 40 функционери и бизнисмени

од Берта Китинска

Бојан Јовановски, Боки 13 денеска  повторно во обвинителството даваше исказ во врска со кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“.

Јовановски преку соопштение на осум страници рачно напишано информира дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства, бизнисмени.Тој потенцира дека станува збор за околу 40-тина лица, кои според пријавите треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама, давање лажен исказ.

Сашко Дуковски, адвокатот на Јовановски изјави дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.

Слични содржини