Премиер лига: За 1.200 евра фудбалери добивале фалсификувани ковид-пропусници?

од Vladimir Zorba

Секоја мака носи можност да се заработат пари, па генијалните измамници сфатиле како можат да заработат пари за време на пандемијата на коронавирусот. Според „Дејли мејл“, англиски „мутиводи“ почнале да им приоѓаат на играчите од Премиер лигата за да им понудат фалсификувани ковид-пропусници по цена од 1.000 фунти или 1.200 евра.

Четири клуба потврдија дека играчите веќе им пријавиле такви понуди, а се уште не е познато дали некој од нив ја прифатил понудата.

Премиер лигата минатата недела објави дека 68 отсто од фудбалерите ја примиле втората доза од вакцината, додека 81 отсто се најмалку на една.

Сепак, има големи разлики од клуб до клуб. Некои се речиси целосно заштитени, но минатата недела медиумите објавија дека само седум клуба успеале да „пелцуваат“ повеќе од 50 проценти од играчите со втората вакцина.

Премиер лигата во интерната кореспонденција дури им вети на клубовите дека некако ќе ги награди оние кои ќе бидат успешни во имунизацијата на фудбалерите, но не се сите подготвени за таков потег, а секако има и такви кои се експлицитно против.

Баш таквите измамниците ги бараат како можни цели.

Слични содржини