Преседан во Европа: Шпанците воведуваат закон за отсуство од работа поради менструација

од Stefanija Kuzmanovska

Минатата недела шпанските пратеници одобрија нов закон, кој предвидува отсуство од работа за време на менструација за оние жени кои страдаат од болни менструални циклуси.

Исто така, овој закон предвидува посилен пристап кон абортусот во државните болници.

Документот беше усвоен од пратениците во Долниот дом на шпанскиот парламент во прво читање, со 190 гласа „за“, 154 „против“ и 5 воздржани. Сега се чека на Сенатот.

Инаку, оваа норма веќе беше објавена порано, а подразбира три дена менструално отсуство месечно.

Сегашниот закон е прв од ваков вид во Европа и е дел од поширок план за воведување промени поврзани со репродуктивното здравје.

„Ја признаваме менструацијата како дел од правото на здравје и се бориме против стигмата и тишината“, изјави шпанската министерка за еднаквост, Ирене Монтеро.

Со овој чин, Шпанија не само што станува првата земја во Европа, туку и една од ретките во светот, која ќе ја интегрира споменатата мерка во своето законодавство, по примерот на Јапонија, Индонезија или Замбија.

Но, во одредени кругови има „резервирани ставови“, особено во синдикатот УГТ, еден од двата најголеми во земјата, поради фактот што работодавачите, кои сакаат да ги избегнат овие отсуства, би можеле да „закочат“ при вработување на жени.

Слични содржини