Претседателката на Словачка ја распушти владата откако парламентот ѝ изгласа недоверба

од Stefanija Kuzmanovska

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска ја распушти владата на премиерот Едуард Хегер, откако парламентот му изгласа недоверба на неговиот кабинет.

Чапутова побара од Хегер и неговиот кабинет да ја извршуваат функцијата додека не се формира нова влада и рече дека политичките лидери треба да ги разгледаат чекорите за одржување предвремени избори во првата половина на следната година, објави „Ројтерс“.

На словачката коалициска влада во четвртокот ѝ беше изгласана недоверба во парламентот.

Слични содржини