Словачкиот премиер работел ноќна смена во пекара во знак на солидарност со работниците

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес објави дека синоќа работел ноќна смена во пекара како товарач во знак на солидарност со работниците

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ 24 Канал

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес објави дека синоќа работел ноќна смена во пекара како товарач во знак на солидарност со работниците.

Фицо го придружувал возачот доставувајќи ги печивата и ја презел целата физичка работа вклучена во процесот.

„Готово! Ноќната смена успешно зад мене, доставени се разни видови печива, работата е завршена. Денес, на Денот на трудот, ќе станеме уште посвесни за вредноста на работата и чесната изработка. Горд сум што ја работам мојата работа за луѓето целосно – онака како што треба да биде“, напиша Фицо на Фејсбук.