Претседателот на бугарското Собрание: Владата нема да го укине ветото за С. Македонија

од Nikola Popovski

Советот на министри (Владата) не се подготвува да го укине ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Дефинитивно нема самостојна одлука за укинување на ветото, изјавил денеска претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев.

Според него, ова е тема што може многу погодно да се искористи за политички цели.

-Нема вистинска причина да се каже дека ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија. Бугарската позиција по ова прашање е јасна и очекуваме имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство и другите договори, констатирал Минчев за „БНР“.

 

Слични содржини