Претседателот на Хаити застрелан 12 пати

од Vladimir Zorba

Убиениот претседател на Хаити, Жованел Моиз, бил застрелан во неговата резиденција со 12 истрели, пренесуваат светските медиуми.

„Пронајдовме 12 прострелни рани во телото на претседателот“, изјави истражниот судија за „Ле Новелист“, додавајќи дека станува збор за муниција од оружје од голем калибар.

– Кабинетот и спалната соба беа разурнати. Го пронајдовме претседателот на грб, во сини панталони, бела маица обоена со крв. Устата му беше отворена, левото око веќе го немаше – изјави судијата за весникот.

Тој исто така рече дека еден истрел го погодил Моиз во областа на челото, шест во градите, три во колкот и еден во стомакот.

Во атентатот врз претседателот, неговата сопруга Мартина е сериозно повредена, а таа итно беше пренесена во болница на Флорида, во критична состојба.

Претходно денес беше соопштено дека четири лица осомничени за убиството на претседателот на Хаити биле убиени во конфронтација со безбедносните сили, а уште најмалку две биле уапсени од полицијата.

За време на атентатот, во резиденцијата биле и децата на Моиз – ќерката Жомарли се криела во собата на нејзиниот брат, додека нејзиниот син бил врзан за собарка. Не е познато каде било третото дете.

Слични содржини