Претседателот на Хрватска направи лапсус пред камерите: Во државата е вонредно с*ање

од Aleksandar Petrovski

Лапсусот на претседателот на Хрватска и врховниот командант на вооружените сили на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, го сними синоќа телевизијата РТЛ, а пренесоа сите хрватски медиуми.

Имено, тој згреши објаснувајќи го својот став дека во Хрватска има вонредна состојба, состојба на природна катастрофа, како и во цела Европа.

„Во Хрватска постои де факто вонредна состојба. Тоа не е воена состојба. Јас го потенцирав ова од самиот почеток. Тие нè исплашија со вонредна состојба, но ние, како и цела Европа, живееме во вонредна состојба. Тоа не е нормална состојба. “Тие применуваат посебни мерки, и тоа е сè. Воената состојба е нешто сосема друго. Ова е с.рање состојба – состојба на природна катастрофа”, рече Милановиќ, пренесе РТЛ.

Милановиќ на Плесо, во касарната на 91-то воздушно крило, полковникот Марко Живковиќ присуствуваше на свечениот прием на 12-от хрватски контингент од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, и по тој повод се обрати пред новинарите.

Слични содржини