Претседателот на руската Државна дума: Вашингтон ги координира воените операции во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин денеска го обвини Вашингтон дека ги координира воените операции во Украина, што го нарече директно мешање во воените дејствија против Русија.

„Во суштина, Вашингтон ги координира и развива воените операции па со тоа директно учествува во воените дејствија против нашата земја“, навел Володин на Телеграм, пренесе „Ројтерс“.

Вашингтон и европските партнери од НАТО го снабдуваат Киев со оружје за да се одбранат од руските напади, но САД и НАТО неколку пати рекоа дека самите нема да учествуваат во борбите, за да не влезат во конфликтот, додава „Ројтерс“.

Слични содржини