Претставничкиот дом на САД гласа за нацрт-закон кој ќе овозможи независност на Порторико

од Stefanija Kuzmanovska

Порториканците наскоро би можеле да гласаат на референдум за тоа дали островот треба да стане 51-та американска држава или да добие некој друг облик на политичко организирање, доколку Претставничкиот дом на САД денеска усвои предлог-закон кој би можел да го одобри тој процес.

Комитетот на Претставничкиот дом вчера го одобри Законот за статус на Порторико, отворајќи го патот за гласање во Сенатот.

Законот ги поставува условите за одржување референдум, како и за трите потенцијални самоуправни статуси на Порторико, независност, целосна американска државност или суверенитет со слободно здружување со САД.

Последната форма на влада е на сила во Микронезија, Палау и Маршалските Острови.

Порторико, кој има околу 3,3 милиони луѓе, стана американска територија во 1898 година.

Од шеесетите години на минатиот век до денес за ова прашање се одржани шест референдуми, но тие не беа обврзувачки.

Само Конгресот на САД може да даде државност.

По 124 години колонијализам, Порториканците заслужуваат фер, транспарентен и демократски процес за конечно решавање на нивниот статус, напиша конгресменката Нидија Веласкез на Твитер.

Ако нацрт-законот помине во Претставничкиот дом, ќе му требаат 60 гласа во тесно поделениот Сенат и потпис на демократскиот претседател Џо Бајден за да стане закон.

Слични содржини