Пријател на виенскиот терорист осуден на две години затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Пријател на исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулај, кој уби 2 лица и рани повеќе од 20 во центарот на Виена на 2 ноември, беше осуден на две години затвор.

18-годишното момче, родум од Бангладеш, беше осудено за кривично дело терористичко здружување од март 2018 до октомври 2019 година.

Тогаш 16-годишното момче го охрабрувало Фејзулај да се приклучи на Исламската држава.

Обвинителството изјави дека младиот човек го снабдувал Фејзулај со видеа и линкови со исламистичка пропаганда.

Исто така, според обвинението, во 2018 година, тој активно одлучил да ја поддржи Исламската држава со дејствување.

Слични содржини