Пријавени нови 210 случаи на коронавирус во Јужна Кореја

од Aleksandar Todeski

Јужна Кореја денеска пријави 210 нови случаи на коронавирус, па сега вкупниот број на заразени достигна 3.736 лица, соопшти националниот Центар за контрола и превенција на болести.

Ден претходно, беа регистрирани 376 нови случаи, јавија британските медиуми.

Истовремено, Центарот соопшти дека од коронавирусот досега во земјата починале 18 лица.

Слични содржини