Принцот Џорџ му се заканил на соученик: „Татко ми ќе биде крал, па…“

од Stefanija Kuzmanovska

За децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам многу се зборуваше оваа година. Совршено се носеа на погребот на нивната прабаба и херојски ги следеа сите протоколи.

Кејт и Вилијам даваат се од себе за да ги научат своите деца дека тоа што се родени во кралско семејство не значи дека се привилегирани.

„Ги воспитуваат децата, особено Џорџ, со свест кој е и каква улога ќе наследи, но не сакаат да ги оптоваруваат со чувство на должност. Џорџ сфаќа дека еден ден ќе биде крал. Тој неодамна се скарал со другарите на училиште, упатувајќи им остра реченица“, напишала Кејти Никол, авторка која веќе 25 години ги следи настаните во британското кралско семејство.

Таа напиша многу други детали во книгата „The new royals“, а меѓу другите имаше приказна за тоа како принцот Џорџ знае да се залага за себе. Имено, кога еден соученик го налутил, малиот принц едноставно му рекол:

„Татко ми ќе биде крал, па подобро внимавај“.

Ова е доказ дека, иако принцот Џорџ е мал, има само 9 години, и знае да биде вистинско обично дете, свесен е за одговорноста на својата позиција и дека ќе ја разбере својата улога што го чека во иднина.

Слични содржини