Принцот Филип останува во болница уште седум дена

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот принц Филип веројатно ќе остане во болница до следната недела, изјави извор близок до дворот, додавајќи дека лекарите се многу внимателни, а војводата од Единбург се уште е добро расположен.

„По консултација со својот лекар, војводата од Единбург најверојатно ќе остане во болница за набљудување и одмор за време на викендот и следната недела“, пренесува „Ројтерс“.

Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета, бил пренесен во болница во Лондон како мерка на претпазливост затоа што не се чувствувал добро, објави во средата Бакингемската палата.

Како што беше соопштено, Филип бил примен во болницата „Крал Едвард VII“ по совет на лекар.

Слични содржини