Принцот Хари ги повикал Вилијам и Чарлс во пресрет на погребот на принцот Филип

од Stefanija Kuzmanovska

Сега е познато, пишува магазинот „Мирор“, дека принцот Хари (36) ги контактирал својот татко и брат по слетувањето во Велика Британија, но и неговите братучедки принцезите Беатрис и Евгени. Информирани извори од дворот на наведениот медиум велат дека Хари се решил на овој потег да го сврти вниманието од постојните тензии и проблеми што се појавија по неговото заминување од кралското семејство.

„Без оглед на сè што се случило и на раните што се прилично свежи, секој се надева дека ќе ги остават своите несогласувања за друг ден“, вели изворот, додавајќи дека принцот Филип заслужува збогување во кругот на семејството.

Погребот на принцот Филип ќе се одржи во замокот Виндзор во сабота во 15 часот, а принцот Хари ќе биде во карантин до тогаш, но има исклучителни случаи како погреби кога карантинот може привремено да се напушти порано. Со спроведен негативен тест за коронавирус. Ако неговиот тест, кој ќе треба да плати 130 фунти, е негативен, принцот Хари може да оди на погреб и да не мора да се врати во карантин.

Слични содржини