Принцот Хари: „Мегзит“ е мизогински израз, медиумите ја таргетираат мојата сопруга

од Vladimir Zorba

За време на последното интервју, британскиот принц Хари се осврна на терминот „Мегзит“, кој настанал кога тој и неговата сопруга Меган Маркл решиле да го напуштат кралското семејство и да започнат нов живот во САД. „Мегзит“ е мизогински израз, кој ја таргетира мојата сопруга“, рече Хари.

„Можеби луѓето го знаат тоа, а можеби и не, но терминот „Мегзит“ бил и е мизоген. Создаден е на Интернет, а се издигна кога кралските дописници решија да го користат, па стана дел од мејнстрим медиумите“, изјави Хари, без да прецизира од која точна адреса потекнува терминот.

Хари и неговата сопруга Меган се преселија во Калифорнија минатата година за да водат понезависен живот од оној наметнат од кралското семејство. Најголем дел од вината за нивното заминување лежи во таблоидите, чија цел беше Меган низ годините.

Студијата објавена во октомври од страна на аналитичката служба на социјалните медиуми идентификуваше 83 профили на Твитер за кои се вели дека се одговорни за 70% од содржината на омраза и дезинформации насочени кон Меган и Хари.

„Можеби највознемирувачкиот дел од ова е бројот на британски новинари кои комуницирале со нив и ширеле лаги“, рече Хари по објавувањето на студијата.

Дезинформациите во медиумите ги нарекува „глобална хуманитарна криза“, која мора итно да се реши.

„Премногу добро ја знам приказната. Поради тоа ја изгубив мајка ми. Решен сум да не ја изгубам мајката на моите деца поради истиот проблем“, изјави британскиот принц.

Покрај тоа, Хари зборуваше и за нападот на американскиот Капитол, кој се случи на 6 јануари 2020 година. Тврди дека лично го предупредил директорот на Твитер, Џек Дорси дека „неговата платформа овозможува државен удар“.

„Тој мејл беше испратен ден претходно, а потоа се случи нападот. Потоа не се слушнав со него“, рече Хари.

Слични содржини