Принцот Вилијам и неговата сопруга го гледаа Ѓоковиќ, Кејт испрати бакнежи (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер на Централниот терен го играат четвртфиналниот натпревар на Вимблдон, а на натпреварот присуствуваат многу познати личности.

Како и секогаш, на Вимблдон на трибините има и членови на кралското семејство, кои и претходните години присуствуваа на натпреварите на Новак Ѓоковиќ.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон влегоа на стадионот во исто време со Ѓоковиќ и Синер и го зазедоа своето место во почесната ложа.

Тие добија овации, а Кејт дури и испрати бакнежи на некого на трибините.

Ѓоковиќ и Синер се борат за пласман во полуфиналето, а победникот од дуелот ќе игра со подобриот од мечот Гофан-Нори.

Слични содржини