Приштина повторно им понуди на САД да отворат постојана воена база на Косово

од Vladimir Zorba

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, повторно им понуди на САД да воспостават постојана воена база на Косово.

Мехај, кој престојува во Соединетите држави, во Пентагон се сретна со заменик -помошникот секретар за одбрана Лора Купер, пренесува приштинска Газета експрес.

„Мехај ја повтори својата понуда до САД да воспостават постојана воена база на Косово, со цел истовремено да придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста на регионално ниво“, соопшти Министерството за одбрана во Приштина.

Мехај и Купер, исто така, се согласија да го зголемат своето учество во заедничките мисии и вежби на американската војска и Косовските безбедносни сили, објави Танјуг.

Слични содржини