Актуелно
Почетна / Хроника / Приведен гостиварец што плаќал со фалсификувани евра

Приведен гостиварец што плаќал со фалсификувани евра

Гостиварската полиција привела лице за кое постои сомнение дека во повеќе наврати плаќал со банкноти од фалсификувани евра.

Според СВР Тетово, вчера околу 10 часот и 40 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране. За него постојат основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари“ и во три наврати, во аптека и два маркети, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена пријава.

loading...