Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

од Vladimir Zorba

На 15.04.2023 во 23.15 часот на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(31) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 14.04.2023 во 23.00 часот во с.Сарај одзел патничко возило „шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.Љ.(51) од с.Љубин, општина Сарај.

Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини