Четириесет годишен тетовец вработен како обезбедување во угостителски објект бил приведен од полицијата затоа што ја попречувал работата на полициските службеници.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (10 ноември) околу 23 часот и 5 минути во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец А.К. кој бил вработен како обезбедувач, бидејќи ги попречувал во вршење на службените дејствија. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата бележи уште едно приведување вчера околу 16 часот и 40 минути, во тетовска Брвеница на 30 годишник од друго село кои бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка.

Слични содржини