Приведено лице кое пукало во месноста „Јелак”, одземен му е пиштол

од Radmila Tasevska

Полициски службеници од СВР Тетово денеска 20 август, околу 14 часот и 20 минути, на Попова Шапка, во месноста „Јелак“, го привеле Б.Н.(29) од Скопје, поради сомнение дека претходно пукал со пиштол што го поседувал со дозвола.

– На местото пронајдени се седум празни чаури кои се подигнати за вештачење, а пиштолот со празна рамка му е одземен. По целосно расчистување и документирање на случајот против Б.Н. ќе следува соодветен поднесок, известуваат од МВР.

Слични содржини