Проблем за Сиксерс, Ембид на операција

од Aleksandar Petrovski

Еден од лидерите на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембид, ќе пропушти дел од сезоната во НБА поради повреда на прст на левата рака.

Центарот ќе биде подложен на операција подоцна денес, по што ќе има поголема јасност за периодот на опоравување.

Ембид беше повреден во понеделникот за време на натпреварот против Оклахома Сити, кој го играше со завој на прстите.

За време на кампањата тој има просек од 23,4 поени и 12,3 скокови на 31 натпревар за Филаделфија.

Слични содржини