Проблеми за Интер: Лаутаро и Турам сакаат на Олимписките игри

од Симе Стоиков

Лаутаро Мартинез и Маркус Турам изразија желба да играат на Олимписките игри, доколку добијат покана. А на нивниот клуб Интер тоа воопшто не му се допаѓа.

Иако Олимписките игри не се во календарот на ФИФА како задолжително натпреварување, намерата на двајцата напаѓачи треба сериозно да ги загрижи челниците на лидерот на Серија А. Бидејќи е познато дека Аргентина сериозно ги сфаќа игрите, а Франција како домаќин сака да освои злато.

На олимпискиот турнир секоја репрезентација има право да вклучи тројца играчи над 23 години. А тоа потенцијално им создава проблем на многу европски клубови, бидејќи турнирот е во чувствителен период и завршува кон средината на август.

Ова особено го загрижува Интер бидејќи за помалку од една година овие двајца играчи ќе играат, покрај стандардните натпреварувања во Серија А, Купот и Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и ЕУРО, односно Копа Америка, за репрезентацијата.

Реал веќе најави дека ќе им забрани на своите играчи да учествуваат на Игрите, но прашање е дали Интер ќе може да направи такво нешто без поголеми последици.

Слични содржини