Продолжен притворот на Вељко Беливук

од Stefanija Kuzmanovska

Судијата за претходната постапка на Високиот суд во Белград го продолжи притворот за Вељко Беливук, познат како Веља невоља и Марко Миљковиќ за уште 30 дена, пренесе „Нова.рс“.

Продолжен е притворот за уште 18 осомничени кои се членови на криминалната група.

Оваа одлука е донесена поради опасност од бегство, опасност дека ако останат на слобода можат да уништат, сокријат, променат докази или траги на кривичните тела, како и заради околностите што укажуваат дека тие повторно ќе извршат злосторства во краток временски период.

Слични содржини