Продолжува хаосот: Загинаа повеќе американски војници во Кабул (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во експлозијата во близина на аеродромот во Кабул загинале неколку американски војници.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби објави дека има загинати американски војници, но не го прецизира бројот.

Фокс њуз објави дека загинале дури 10 американски војници, а има и повеќемина ранети.

Официјалните лица велат дека податоците од терен се уште пристигнуваат и дека се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, пренесува Асошиејтед прес.

Податоците за бројот на загинати и ранети објавени од светските медиуми значително се разликуваат.

Американскиот Волстрит Журнал објави дека во експлозиите загинале најмалку 60 Авганистанци и четворица американски војници, повикувајќи се на изјавата на здравствениот службеник.

Според податоците што ги дадоа талибанците за агенцијата Франс прес, меѓу 13 и 20 лица загинаа, а 52 се повредени во денешниот напад на двајца бомбаши самоубијци и вооружени мажи.

И покрај нападот, евакуацијата продолжи од аеродромот во Кабул, каде илјадници луѓе сакаат да ја напуштат земјата, стравувајќи од одмазда од Талибанците.

Експлозијата се случи кај портата Аби, каде илјадници авганистански бегалци останаа во четвртокот и покрај тоа што беа затворени од американските војници поради зголемената загриженост во врска со заканата.

Најмалку 40 лица загинаа, додека 100 се повредени во експлозијата, објавило тамошното Министерство за здравство.

Слични содржини