Вима – Атина

Косово е реон во Европа од каде, според бројот на население, доаѓаат најголем процент од џихадисти во Сирија и Ирак.

Околку една четвртина од бројот на „борците“ на Исламската држава се со средно образование, а има и невработени, од кои повеќето доаѓаат од Таџикистан, Русија, Либија, Саудиска Арабија, но исто и од Франција.

1466655379-djihadisti

Тоа се само некои од главните заклучоци содржани во истражувањето на американскиот Институт за борба против тероризмот, кој собрал податоци од околу пет илјади електронски формулари за собирање борци во кои тие се поканувани да пополнат документи за учество во редовите на Исламската држава на блискоисточниот фронт. Многу од нив дури и учествувале во борби.

Во тие прашалници за пополнување стојат и потеклото и социјалниот профил и ориентацијата на фанатизираните исламисти.

Во моментов, антитерористичките власти продолжуваат да соработуваат за спречување на нов вооружен крвав напад од страна на членовите на Исламска држава.

Стравовите воглавно беа поврзани со средбите на Европското фудбалско првенство и велосипедската трка Тур де Франс, каде има сомнеж дека е можно да се случи нешто слично на бостонскиот маратон во 2013 година. Поради тоа Франција се наоѓа во состојба на зголемена готвност.

Москва: Наближува нова студена војна, бегајте од проамерикански лидери!

Покрај тоа, Тунис е земјата од која доаѓаат повеќето, според бројот на жители, борци на Исламска држава. Процентуално, на еден милион луѓе доаѓаат околу 59 борци.

Следува Косово со 29 борци по глава на жител и Саудиска Арабија со 26, Бахреин со 20, Либија 17, Киргистан 12, Македонија, Таџикистан и Мароко со по осум, Албанија со седум, итн.

Турција учествува со четири борци на еден милион жители, Египет со три, а Русија со два.

Што се однесува до возраста на борците од Исламска држава, повеќето се на возраст меѓу 20 и 30 години. Во редовите на Исламската држава се вклучил и еден 71-годишен маж од Киргистан. Тој е женет и има пет деца, а влегол во Сирија на 31 јули 2014 година изјавувајќи дека е „подготвен воин“.

Во регистрите има 12 члена на Исламска држава кои се родени во 50-те години од минатиот век. Со други зборови тие се на возраст од 56 до 66 години. Двајца од нив доаѓаат од Франција.

Од прашалникот дознаваме уште и дека 751 од околу 5.000 анкетирани изјавиле дека се без квалификација или невработени, 694 рекле дека имаат мало професионално искуство или се занимаваат со трговија, 656 се ученици, 640 имале слободни професии, 82 се државни службеници, а има и ИТ експерти, 68 се имами или се поврзани со религиозни организации, 28 биле новинари или работеле во медиуми, а 17 се членови на невладини организации.

Регистрирани како невработен во документите за собирање борци на „Калифатот“ се 255 лица.

Од европските држави, од каде се и невработените, големо присуство во Исламска држава има од Русија, Косово, Франција, Германија и Велика Британија.

Процентно, учеството од европските невработени дури е значително поголемо од „невработените“ борци кој доаѓаат од Јордан, Тунис, Турција, Индонезија и од други земји.

Особено интересно е прашањето кое им е поставено на кандидатите за приклучување кон Исламска држава, а тоа е „дали претходно учествувале во света војна – џихад?“

Околу 400 од нив изјавиле дека имале такво претходно искуство во Сирија. По Сирија, втора земја која е често спомнувана за учество во џихад е Либан, каде биле 70 луѓе. Следува Авганистан со околу 60 такви случаи.

Што се однесува до нивната улога во Исламска држава, намера да се претворат во „командоси и бомбаши самоубијци“ искажале 120 „борци“ од Саудиска Арабија, 90 од Тунис, 25 од Алжир и исто толку и од Либија, но и од Кина. Вкупно 269 изразиле желба да учествуваат во самоубиствени мисии. 

Слични содржини