Прогласена кризна состојба во наредните 30 дена

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците , Артан Груби денеска истакна дека Владата ја усвоила одлуката за прогласување кризна состојба на територијата на С. Македонија, после појавувањето на повеќе активни пожари.

„Ја усвоивме одлуката за кризна состојба. Се обидуваме со целосна мобилизација на капацитетите да се справиме со пожарите. Сметаме дека ваквата одлука, заедно со забраната за движење во шуми, ќе помогне да ја запреме огнената стихија. Речиси над 80 проценти од пожарите се предизвикани од човечки фактор“, информира Груби на прес-конференција.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера информираше дека е предложено до Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

-Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на РС Македонија) попладнево (04.08.2021) одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да предложи до владата прогласување на кризна состојба на територијата на земјава, напиша Ангелов на Фејсбук.

Слични содржини