Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна на две локации

од Nikola Popovski

МВР информира дека била пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна, во гевгелиското село Мрзенци вчера

Според полицијата, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека станува збор за неексплодирана граната со калибар од 105 мм од Првата светска војна.

-Гранатата била безбедно подигната, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија, истакнаа од полицијата.

Во атар на с.Алинци, прилепско, Б.К.(70) од Прилеп пронашол неексплодирана граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека станува збор за артилериска граната од 155 мм од Првата светска војна. Увид бил извршен.

Слични содржини