Протест на синдикатите на пет јавни универзитети

од Nikola Popovski

Синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани колективните договори.

Се чувствуваат дискриминирани бидејќи од овој месец платите се зголемуваат за 22 насто само за вработените во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Самостојниот синдикат на јавните научни институти ја поздрави, како што ја нарече победата по долгата битка на сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Бараат средба со министерот за образование Шаќири за да се разговара за унапредување на правата на вработените.

Слични содржини