Протестниот марш засега се одвива мирно

од Vladimir Zorba

Протестниот марш што вечерва почна пред Владата, засега се одвива мирно. Учесниците стигнаа пред Министерството за правда каде ги поставија транспарентите „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието и веќе се таму.

На протестот се слушаат патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија.

Присутни се и претставници од Левица кои се поддржувачи на маршот против францускиот предлог.

Слични содржини