Процесот за ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен до крајот неделата, најави Битиќи

од Берта Китинска

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќ денеска најави дека е крати се она што очигледно не може да се реализира до крајот на годината.

-Ребалансот на буџетот ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе биде скратено сето она што очигледно не може да биде изреализирано до крајот на годината, но тоа нема да биде голем товар на целокупното функционирање на државата. Мислам дека ќе се зголеми евентуалниот дефицит затоа што четвртиот пакет на мерки ќе одговара на потребите на граѓаните, а проекциите на Владата за стапката на БДП се дека годината ќе биде завршена со негатива од минус 4 проценти, изјави Битиќи.

Слични содржини