ПРВА ФОТОГРАФИЈА од Бен Афлек по венчавката: Актерот зачуди многумина со својот изглед

од Stefanija Kuzmanovska

Сликите кои се појавија од Бен Афлек ги загрижија неговите обожаватели. На овие фотографии актерот изгледа исцрпено и не многу среќно по венчавката со Џенифер Лопез.

Холивудскиот актер Бен Афлек беше „уловен“ на пат кон аеродромот во Џорџија, каде што се качи во авион за да замине за Лос Анџелес по неговата раскошна венчавка со Џенифер Лопез, а неговите најнови папарацо фотографии ги зачудија сите.

50-годишниот актер изгледаше како едвај да ги држи очите отворени и како да му е многу потребна сон по прославата. Џенифер наводно била со него, иако папараците не успеале да ја фотографираат.

Двојката уште еднаш се венчаше на спектакуларна церемонија, која се одржа на имотот на Бен во Рикеборо, каде што беа домаќини на семејството и најблиските пријатели, вклучително и голем број холивудски ѕвезди.

Слични содржини