Прва реакција на Русија на мировниот план на Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Изјавата на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, дека нема да има „Минск-3“ го потврдува ставот на Киев дека не сака да преговара, оцени денес портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

На прашањето на РИА Новости дали тие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да преговараат со Руската Федерација, Песков кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“.

Зеленски претходно, во обраќање по пат на видео врска на лидерите на Г-20 на Бали, рече дека Русија мора да ги повлече сите свои трупи од територијата на Украина и дека нема да има никакви територијални отстапки од страна на Киев.

„Очигледно е дека не може да им се верува на зборовите на Русија и нема да има никаков ‘Минск-3’, кој Русија ќе го прекрши веднаш по склучувањето“, навел Зеленски, пренесува „Интерфакс Украина“.

Слични содржини