Прва задача на новата Влада: Картички за пензионерите, стечајците, барателите на работа

од Берта Китинска

Пензионерите кои имаат пониски пензии од 15 000 денари, невработените, барателите на работа, самохраните родители и стечајците да добијат домашни платежни картички. Овие категории граѓани ќе бидат во фокусот во првите денови од мандатот на новата Влада.

-Потрошувачки картички за пензионерите со пензија под 15 илјади денари, невработените кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, самохраните родители, стечајните работници.На овој начин ќе ја поттикнеме приватната потрошувачка на најсиромашните граѓани, а преку тоа треба да ја подигнеме и економијата, рече Заев.

 

 

Слични содржини